Во воздушен напад на руските џетови во Алепо животот го загубија 15 лица

Функционерот за цивилна одбрана во Алепо Бабирис Мешал истакна дека руските џетови реализирале напад со „продорни бомби“ на населеното место Фирдевс под контрола на опозиционерите и дека во нападот загинале 15 лица

588333
Во воздушен напад на руските џетови во Алепо животот го загубија 15 лица

Во реализиран воздушен напад во градот Алепо во северниот дел на Сирија на областа која се наоѓа под контрола на опозиционерите животот го загубија 15 лица.

Функционерот за цивилна одбрана во Алепо Бабирис Мешал истакна дека руските џетови реализирале напад со „продорни бомби“ на населеното место Фирдевс под контрола на опозиционерите.

Мешал рече дека во воздушниот напад има голем број повредени и дека екипите за цивилна одбрана се обидуваат да извлечат од рушевините најмалку 10 затрупани лица.

Велејќи дека било бомбардирано и населеното место Маади во градот Алепо, Бабирис Мешал рече: „Руските воени авиони два дена како напаѓаат со продорни бомби врз областите кои се наоѓаат под контрола на опозиционерите во источниот дел на Алепо. Русите вчера врз градот реализираа напади со повеќе од 30 продорни бомби.“



Слични вести