Во вооружен напад на турбе во Кабул загинаа 14 лица

Вооружено лице изврши напад на едно турбе во авганистанскиот главен град Кабул во кој загинаа 14 лица од кои еден полицаец, а 36 лица беа ранети

587571
Во вооружен напад на турбе во Кабул загинаа 14 лица

Во реалиизран вооружен напад на едно турбе за време на церемониите за сеќавање на шехидите од Кербела на шиитите Хазари во главниот град на Авганистан Кабул животот го загубија 14 лица од кои еден полицаец, а 36 лица беа ранети.

Вооружениот напад беше реализиран на турбето Карте-и Сакхи, едното од најголемите турбиња во Кабул и се стравува од зголемување на бројот на загинатите.

По вооружената престрелка која што траела неколку часа напаѓачот бил убиен.

Талибан истакна дека нема врска со вооружениот напад.

Во реализиран самоубиствен напад во јули на една област во Кабул каде што  повторно беа собрани голем број шиити Хазари за одржување протест, животот го загубија 80 лица, а приближно 20 лица беа повредени.

Одговорноста за овој напад ја презеде терористичката организација ДАЕШ.



Слични вести