Според последната спроведена анкета Клинтон води со 9 процентни поени пред Трамп

Според заеднички спроведената анкета на телевизијата NBC News и весникот Wall Street Journal Хилари Клинтон ја доби поддршката на 46-отсто, а нејзиниот противник Доналд Трамп на 37-отсто од американските бирачи

587769
Според последната спроведена анкета Клинтон води со 9 процентни поени пред Трамп

Додека полека наближуваат претседателските избори во САД што се ќе одржат на 8 ноември со сиот интензитет продолжува и трката помеѓу кандидатката од Демократската партија Хилари Клинтон и кандидатот од Републиканската партија Доналд Трамп.

Според последната спроведена анкета Клинтон води со 9 процентни поени пред Трамп.

Согласно добиениот резултат од заеднички спроведената анкета на телевизијата NBC News и весникот Wall Street Journal кандидатката на Демократската партија Хилари Клинтон ја доби поддршката на 46-отсто, а нејзиниот противник кандидатот на Републиканската партија Доналд Трамп на 37-отсто од американските бирачи.

Во истата анкета кандидатот на Либертаријанската партија Гери Џонсон доби 8-отсто, а кандидатката на партијата на Зелените Џил Стеин 2-отсто од гласовите на Американците. 

На форматот пак во чии рамки беше направена проценка на двајцата противкандидати Клинтон и Трамп, Хилари Клинтон достигна до 50-отсто, а Доналд Трамп 40-отсто.

Политички посматрачи истакнуваат дека последното објавено видео на Доналд Трамп со непристојни, вулгарни и груби зборови беше причина да изгуби доста поени.

Исто така се истакнува дека Клинтон е во водство пред својот противник Трамп со нејзиното знаење и опременост кои што ги покажа и на досегашните два одржани дуели кои што беа емитувани во живо преку телевизијата.

Последниот претседателски дуел помеѓу Хилари Клинтон и Доналд Трамп ќе се одржи на 19 октомври во среда на универзитетот Невада во Лас Вегас.

Во меѓувреме пристигна поддршка за Клинтон и од муслиманските жени Американки.

Комитетот за политичка акција на муслиманските жени Американки истакна дека неговите членови имаат за цел да ги поддржат политичарите кои покажуваат почит кон исламските вредности и дека затоа на претседателските избори ќе гласаат за кандидатката на Демократската партија Хилари Клинтон.

Од друга страна портпаролот на Белата куќа Џош Ернест истакна дека претседателот Барак Обама видео-снимката на која кандидатот на Републиканската партија Доналд Трамп употребува непристојни и вулгарни зборови ја окарактеризирал како „одвратна“.

Портпаролот Ернест рече дека зборовите на Трамп на видео-снимката од страна на голем број лица се оценуваат како „сексуален напад“ и напомена дека природно е тоа што се изнесуваат остри критики против Трамп поради една ваква видео-снимка.



Слични вести