Во напад на руските џетови во Алепо загинаа 43 лица

Руски воени авиони реализираа воздушни напади во Алепо врз областа под контрола на опозиционерите во кои загинаа 43 лица, а 80 лица беа ранети

587547
Во напад на руските џетови во Алепо загинаа 43 лица

Во реализирани воздушни напади од страна на руски воени авиони во Алепо во северниот дел на Сирија врз областа под контрола на опозиционерите загинаа 43 лица, а 80 лица беа ранети.

Како што се истакнува повредените од кои повеќето жени и деца биле префрлени на лекување во полските болници во областа и се стравува од зголемување на бројот на загинатите.

Воените авиони ги бомбардираа населените места во Алепо со продорни бомби.

Во нападите на руските воени авиони во кои особено беа погодени цивилни населени места во Мустан ел Каср загинаа 27 лица, во Фирдевс 14 и во населбата Катирџи 2 лица.



Слични вести