Спорот околу Алепо доведе до откажување на посетата на Путин на Франција

Расте затегнатоста помеѓу Франција и Русија која се појави по руското вето минатата недела во Советот за безбедност на ОН на нацрт-резолуцијата подготвена од страна на Франција во врска со Алепо

587465
Спорот околу Алепо доведе до откажување на посетата на Путин на Франција

Спорот околу Алепо во Сирија доведе до откажување на посетата на рускиот претседател Владимир Путин на Франција.

Расте затегнатоста помеѓу Франција и Русија која се појави по руското вето минатата недела во Советот за безбедност на ОН на нацрт-резолуцијата подготвена од страна на Франција во врска со Алепо.

Рускиот претседател Владимир Путин ја откажа планираната посета на Франција.

Од страна на Кремљ беше соопштено дека претседателот Путин ја откажал посетата на Франција за која се планираше да се оствари на 19 октомври.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков посетата е откажена поради тоа што биле исклучени од претходно испланираната програма некои манифестации како што беа отворање на културен центар и изложба во Париз. 

Песков рече: „Путин уште од почетокот велеше дека е подготвен да го посети Париз тогаш кога тоа ќе биде погодно за Оланд. Затоа ќе го чекаме погодното време (за Оланд). Тогаш Путин повторно ќе ја преиспита посетата.“

Меѓутоа и покрај овие изјави во позадината на растечката затегнатост лежат случувањата во врска со градот Алепо во Сирија.

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Марк Ајро вчера изјави дека од воените злосторства кои што се вршат во Алепо сносат одговорност и руските функционери и дека во однос на ова прашање неговата земја планира да се обрати до Меѓународниот суд за кривични дела.

Францускиот претседател Франсоа Оланд пак по ветото на Русија изјави дека се кае поради тоа што на 19 октомври ќе го пречека во Париз рускиот претседател Владимир Путин.



Слични вести