Опозицијата во Сирија започна контраофанзивна операција за враќање на контролата над Латакија

Силите на опозицијата ја повратија контролата над две села во Хама

587091
Опозицијата во Сирија започна контраофанзивна операција за враќање на контролата над Латакија

Опозицијата во Сирија започна контраофанзивна операција за враќање на контролата над руралното подрачје на Латакија на северот на земјата кои пред седум месеци со поддршка на руските борбени авиони преминаа под контрола на силите на режимот.

Силите на опозицијата синоќа започнаа со топовски истрели и бомбардирање на низа пунктови во подрачјето по што дојде до судири со силите на режимот на Асад.

Експлозиите на источните предели на планината Туркмендаги се слушаат од Јајладаги кај Хатај.

Силите на опозицијата ја повратија контролата над две села во Хама чија контрола се наоѓаше во рацете на режимот на Асад.

Цел на нападите на силите на режимот на Асад врз цивилите во Хама повторно беа децата. Во нападите беа повредени голем број деца.

Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун остро реагираше на ветото на Русија во врска со примирјето во Сирија бидејќи повторно се најдоа во ќорсокак.

Состојбата во Алепо навистина е многу тешка. Чувствувам големо разочарување од неможноста за постигнување компромис. Неколкупати упатив повик до СБ на ОН за пренесување на состојбата во Сирија на Меѓународниот кривичен суд и уште еднаш го повторувам мојот повик.

Бан Ки Мун се осврна и на нападот на една зграда во Јемен за време на една комеморација, во кој загинаа над 140 лица, а кој воздушен напад беше оценет како прекршување на меѓународното хуманитарно право. Бан остро го осуди бомбардирањето на луѓето кои тажеа за загинатите блиски.



Слични вести