Меѓународните здруженија за човекови права остро реагираа против Франција

Предупредуваме дека постепено се влошуваат условите за живеење на бегалците и мигрантите во италијанскиот град Вентимиља

587163
Меѓународните здруженија за човекови права остро реагираа против Франција

Меѓународните здруженија за човекови права остро реагираа против Франција која не сака да ги отвори своите порти за бегалците и мигрантите кои се собраа на италијанската граница.

Раководителите на Меѓународната организација „Амнести интернешнл“, Здружението на светските лекари, Хуманитарната католичка организација Каритас во соопштението за печатот истакнаа:

Предупредуваме дека постепено се влошуваат условите за живеење на бегалците и мигрантите во италијанскиот град Вентимиља.

Здруженијата ја повикаа Франција што поскоро да го отвори граничниот премин за бегалците.

Здруженијата ја протестираа смртта на еден млад Еритрејски бегалец кој загина во сообраќајна несреќа, односно беше погоден од страна на еден камион, поради што одговорноста за несреќата и ја препишаа на Франција.

Условите во кои бегалците се принудени да престојуваат во карпестото подрачје на Вентимиља беа цел на остри критики, поради што француските и италијанските власти беа обвинети за индиферентност.

Франција го брани ставот дека според законите на ЕУ, бегалците треба да останат на италијанската страна, поради што илјадници бегалци кои по различни патишта со воз или автобус успеаја да ја преминат границата, беа вратени во Италија.



Слични вести