Колумбиската влада седнува на преговарачка маса и со бунтовничката група ЕЛН

Колумбиската влада и милитантите на  Армијата за национално ослободување (ЕЛН) во објавеното заедничко соопштение во претседателскиот дворец во главниот град Каракас соопштија дека официјалните мировни разговори ќе започнат на 27 октомври во Екватор

587329
Колумбиската влада седнува на преговарачка маса и со бунтовничката група ЕЛН

Владата на Колумбија по бунтовничката група Револуционерите вооружени сили на Колумбија (ФАРК) седнува на преговарачка маса и со една друга бунтовничка група Армијата за национално ослободување (ЕЛН).

Делегацијата на колумбиската влада и милитантите на  Армијата за национално ослободување (ЕЛН) во објавеното заедничко соопштение во претседателскиот дворец во главниот град на Колумбија Каракас соопштија дека официјалните мировни разговори ќе започнат на 27 октомври во Екватор.

Колумбискиот претседател Хуан Мануел Сантос во својот говор што го одржа преку телевизијата истакна дека со успехот што ќе се постигне во преговорите со ЕЛН ќе биде заокружен мирот во неговата земја. 

Мировните преговори на кои гаранторски држави се Бразил, Чиле, Куба, Екватор, Норвешка и Венецуела ќе се најдат на дневен ред шест точки во однос на кои и двете страни се договори и тоа учеството на Колумбијците во преговорите, демократијата за мир, оштетените од судирите, потребните трансформации за мир, ставањето крај на безбедноста и недоразбирањата за мир и гаранцијата за политичкото учество.



Слични вести