Бројот на жртвите поради ураганот Метју во САД се зголеми на 23 лица

Во САД сеуште продолжува смртоносното влијание на ураганот Метју кој ги погоди југоисточните брегови на оваа земја каде што бројот на жртвите се зголеми на 23 лица

586865
Бројот на жртвите поради ураганот Метју во САД се зголеми на 23 лица

Продолжува влијанието на ураганот Метју кој на Хаитите беше причина за смртта на приближно илјада лица.

Хаитите каде што се настојува да се санираат штетите од катастрофалниот ураган сега се соочуваат со епидемија од колера.

Во САД сеуште продолжува смртоносното влијание на ураганот Метју кој ги погоди југоисточните брегови на оваа земја.

Бројот на загинатите поради ураганот во САД се зголеми на 23 лица, повеќе од еден милион луѓе сеуште се соочуваат со недостаток од електрична струја, додека беше причинета материјална штета од приближно 800 милијарди долари.

Поради ураганот Метју кој предизвика штета во десетици илјади куќи патиштата останаа под вода.

Во меѓувреме продолжуваат и активностите за пребарување и спасување на исчезнатите.

Откако ураганот Метју како најголем ураган што се појави од 2007 година досега ги погоди САД претседателот Барак Обама прогласи вонредна состојба во сојузната држава Северна Каролина.

 



Слични вести