Во два воздушни напади во јеменскиот главен град Сана загинаа повеќе до 140 лица

ОН соопштија дека според првични претпоставки во два воздушни напади на една зграда во која се одржуваше церемонија за изразување сочувство на која учествуваа високи функционери на прохусите загинале повеќе 140 лица, а над 500 лица биле ранети

585745
Во два воздушни напади во јеменскиот главен град Сана загинаа повеќе до 140 лица

Во главниот град на Јемен Сана реализирани два воздушни напади на една зграда во која се одржуваше церемонија за изразување сочувство на која учествуваа високи функционери на прохусите.

ОН соопштија дека според првични претпоставки во воздушните напади загинале повеќе 140 лица, а над 500 лица биле ранети.

Заменик-генералниот секретар на ОН за хуманитарни прашања Стивен О’Брајан во објавеното писмено соопштение истакна дека западнал во ужас поради смртта на голем број цивили во двата воздушни напади во Јемен.

Велејќи дека нападите биле реализирани во моментот кога илјадници лица учествувале на церемонија за изразување сочувство, О’Брајан рече: „Овие страотни и гнасни напади се показател за тоа дека никако не му се придава значење на човечкиот живот.“

Стивен О’Брајан нагласи дека меѓународното право е јасно и дека завојуваните страни треба да ги одделат една од друга цивилните и воените цели.

О’Брајан упати повик да се поведе детална истрага во случајот и да се стави крај на воздушните напади во областите населени со цивилно население. 

Во веста на телевизискиот канал Ел-Месира во сопственост на Хусите се тврдеше дека воздушните напади биле реализирани од страна на коалиционите сили предводени од Саудиска Арабија, меѓутоа коалиционите сили ги отфрлија овие тврдења и соопштија дека немаат никаква врска со овие напади.

Двата воздушни напади беа реализирани за време на церемонијата на изразување сочувство поради смртта на татко му на јеменскиот министер за внатрешни работи Џелал Ер-Рувејшан кој војува на страната на Хусите во главниот град Сана кој е под контрола на Хусите и соборениот јеменски претседател Али Абдулах Салех. 

Портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа Нед Прајс исто така ги осуди овие два воздушни напади и ги повика сите страни да се придржуваат кон договорот за стопирање на судирите.

Прајс истакна дека САД чувствуваат длабоко жалење поради вестите во врска со случајот и рече: „Безбедносната соработка на САД со Саудиска Арабија не претставува даден отворен чек.“

Нед Прајс нагласи дека и се придава значење на одбраната на територијалниот интегритет на Саудиска Арабија и дека ќе продолжат да се изнесуваат грижите во врска со порастот на насилството во Јемен.

Прајс напомена дека под светлината на настаите кои што се доживуваат во последните денови во Јемен вклучувајќи го и овој последен напад Вашингтонската администрација ја намали поддршката на коалицијата предводена од Саудиска Арабија и дека оваа поддршка ќе биде преразгледана согласно „принципите на САД“.  



Слични вести