Во Авганистан се урна воен хеликоптер: Загинаа 7 лица

Портпаролот на авганистанското министерство за одбрана Девлет Везири истакна дека два воени хеликоптери полетале како засилување за воената караула на ридот Курган и дека едниот од хеликоптерите поради технички дефект се запалил во воздух и потоа се сруши

585879
Во Авганистан се урна воен хеликоптер: Загинаа 7 лица

При уривање на воен хеликоптер од типот Mİ-17 во провинцијата Баглан во северниот дел на Авганистан животот го загубија 7 лица.

Портпаролот на авганистанското министерство за одбрана Девлет Везири истакна дека два воени хеликоптери полетале како засилување за воената караула на ридот Курган и дека едниот од хеликоптерите поради технички дефект се запалил во воздух и потоа се срушил. 

Везири рече дека во несреќата загинале 7 лица од кои тројца биле војници и подвлече дека во оваа област не се влијателни терористичките организации.

Портпаролот на Талибан Забинулах Муџахит пак тврдеше дека хеликоптерот бил погоден и срушен од нивна страна.



Слични вести