Русија постави ракети „Искандер“ во Калининград

Руското министерство за одбрана соопшти дека ракетите Искандер биле испратени во балтичката руска енклава Калининград која се наоѓа помеѓу Полска и Литванија во рамките на планираните воени вежби

585807
Русија постави ракети „Искандер“ во Калининград

Русија постави рекети Искандер во Калининград на кои можат да се поставуваат нуклеарни боеви глави.

Руското министерство за одбрана соопшти дека ракетите Искандер биле испратени во балтичката руска енклава Калининград која се наоѓа помеѓу Полска и Литванија во рамките на планираните воени вежби.

Портпаролот на министерството истакна дека ракетите биле поставени како дел од воените вежби на руската армија во регионот.

Ракетите од типот Искандер на кои можат да се поставуваат и боеви глави имаат дострел од 740 километри.



Слични вести