САД и Русија не можат да постигнат компромис околу Сирија

Русија на светот и должи објаснување за нападот врз болницата во Алепо

585329
САД и Русија не можат да постигнат компромис околу Сирија

Додека двете земји продолжуваат меѓусебно да се обвинуваат, американскиот државен секретар Џон Кери остро реагираше против ставот на Русија.

Кери рече Русија на светот и должи објаснување за нападот врз болницата во Алепо и дека може да биде изложена на истрага за воено злосторство.

Русија најави дека е неприфатлив нацрт-предлогот за примирје во Алепо кој го подготвува Франција.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, изјавата на специјалниот претставник на ОН за Сирија Стефан де Мистура дека за евакуацијата на милитантите на Ал Нусра од Алепо „ако треба и јас ќе ги придружувам“ подвлече дека Русија ќе го поддржи овој чекор.

СБ на ОН одржа итен состанок посветен на Сирија.

По состанокот кој беше затворен за печатот, сеуште не е објавено никакво соопштение кои се одлуки беа усвоени.



Слични вести