Продолжуваат нападите врз џамиите во Германија

Зачестеноста на последните напади врз џамиите и муслиманите во Германија ја зголемуваат загриженоста

585422
Продолжуваат нападите врз џамиите во Германија

Џамијата Улу на Турската исламска заедница во германскиот град Хам беше последната џамија која беше изложена на напади.

На ѕидовите на џамијата беа напишани написи против исламот, Турците и Турција, а исто така беа нацртани и кукасти крстови.

На собирот што се одржа пред џамијата која беше изложена на нападот, беше изнесена загриженоста од зачестените напади во последно време.

Претседателот на Турската исламска заедница професорот Јашар Ашикоглу во говорот во оваа прилика рече дека зачестеноста на последните напади врз џамиите и муслиманите во Германија ја зголемуваат загриженоста.

Генералниот конзул на РТ во Есен, Мустафа Кемал Баса рече дека неприфатливи се овие немили случувања, потенцирајќи дека истите не треба да предизвикаат штета на пријателството со Германците.

Заменик градоначалникот на Хам Улрике Ваеше рече дека неприфатливи се овие напади и дека сите граѓани на Хам како во минатото така и денес и во иднина ќе продолжат да живеат во единство и слога.



Слични вести