Потфат од Русија за зајакнување на својата позиција и останување во Сирија
Според договорот меѓу Русија и Сирија, руските авиони војници базата Химејмим можат да ја користат на неопределено време
585279

Долниот дом на рускиот парламент Дума, го одобри договорот за користење на базата Химејмим во Сирија на неопределено време.
Договорот кој беше потпишан на 26 август 2015 меѓу Русија и Сирија содржи одредба според која руските авиони и војници базата можат да ја користат на неопределено време.
Договорот според кој се предвидува користење на базата Химејмим на неопределено време во претстојните денови ќе биде разгледан на седница на горниот дом на парламентот, Советот на федерацијата а потоа ќе биде одобрен.