СБ на ОН усвои одлука за одржување итен состанок кој ќе биде посветен на Сирија

Стефан де Мистура рече дека до крајот на годината Алепо ќе се уништи

584918
СБ на ОН усвои одлука за одржување итен состанок кој ќе биде посветен на Сирија

Според соопштението кое беше објавено од страна на ОН, состанокот ќе се одржи во 17.00 часот според турско време и ќе биде затворен за печатот.

Барањето за одржување состанок пристигна од Русија и Мистура, членовите на СБ на ОН ќе ги информира со телеконференција од Женева.

Одлуката за итно одржување на состанокот пристигна по предупредувањето на специјалниот претставник на ОН за Сирија Стефан де Мистура кој рече дека до крајот на годината Алепо ќе се уништи.

Во случај и натаму да продолжат наадите на силите на режимот во Сирија и Русија врз Алепо, местото на загинатите терористи во источните делови на Алепо во претстојните два месеци ќе го заземат цивилите.

Мистура ги критикуваше нападите на Русија и сирискиот режим врз 275 илјади цивили од кои 100 илјади бе деца, а кои ги извршија под изговор дека водат борба за уништување на 900 припадници на Ал Нусра.

Стефан де Мистура го изнесе предупредувањето дека во случај продолжи бомбардирањето на источните делови на Алепо во Сирија, постои голема можност градот да бие уништен до крајот на годината.

Тоа ќе имаме можност да го видиме сите заедно кога ќе се подготвуваме за обележување на Божиќ, рече Мистура.

Постојаниот претставник на Русија во СБ на ОН Витали Куркин кој истовремено претседава со СБ на ОН, не одговори на критиките на Мистура.



Слични вести