Специјален состанок во Германија посветен на Сирија
На состанокот со кој претседаваше германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер беше разгледана хуманитарната состојба во Сирија

Во Германија се одржа специјален состанок на кој учествуваа претставници на Германија, САД, Италија, Франција и Англија. Целта на состанокот беше да се спречи војната во Сирија.
На „Специјалниот состанок за Сирија“ во Берлин, освен високи претставници на министерствата за надворешни работи на земјите учеснички, учествуваше и специјалниот претставник на ОН за Сирија Стефан де Мистура.
На состанокот со кој претседаваше германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер беше разгледана хуманитарната состојба во Сирија.
На состанокот беа разгледани немилосрдните и брутални напади на раководството на Асад врз сопствениот народ како и што поскорото намирување на хуманитарните потреби на над 2 милиони Сиријци во Алепо и околината.
Претставниците на земјите учеснички на состанокот разменија милења во врска со можностите за сето она што треба да преземе за што поскоро воспоставување на примирјето во Сирија.