Нов генерален секретар на ОН ќе биде Португалецот Антонио Гутерес

На шестото гласање што се одржа меѓу 10 кандидати петте постојани членки на Советот со право на вето не се спротивставија на изборот на високиот комесар на ОН за бегалци и поранешен португалски премиер Антонио Гутерес за нов Генерален секретар на ООН

583723
Нов генерален секретар на ОН ќе биде Португалецот Антонио Гутерес

За нов генерален секретар на ОН на местото на сегашниот Бан Ки-мун чиј мандат истекува на крајот на годината се очекува да биде избран актуелниот висок комесар на ОН за бегалци (УНХЦР) и поранешен португалски премиер Антонио Гутерес.

На одржаната седница во Советот за безбедност на ОН затворена за печатот на шестото гласање што се одржа меѓу 10 кандидати петте земји постојани членки на Советот со право на вето САД, Русија, Велика  Британија, Франција и Кина не се спротивставија на изборот на Антонио Гутерес за нов Генерален секретар на ООН.  

На тој начин со сигурност се гледа дека на гласањето што ќе се одржи во наредните денови во Генералното собрание на ОН Антонио Гутерес да биде избран за нов Генерален секретар на ОН. 

Новиот генерален секретар на ООН својата задача ќе почне да ја извршува од 1 јануари 2017 година.

Мандатот на актуелниот генерален секретар Бан Ки-мун истекува на 31 декември.

Бан Ки-мун должноста генерален секретар на ООН ја извршува веќе два мандата од по 5 години, односно 10 години како се наоѓа на оваа должност.



Слични вести