Израелскиот борбен авион падна за време на слетувањето во базата Рамон

Според веста на израелскиот канал 10, во авионот избувнал пожар поради технички дефект

583675
Израелскиот борбен авион падна за време на слетувањето во базата Рамон

Израелскиот борбен авион од типот Ф-16 по воздушниот напад на Појасот Газа и во кој избувна пожар, падна за време на слетувањето во воената база Рамон. Пилотот на авионот мајорот Охад Кохен загина во несреќата.

Копилотот на авионот беше полесно повреден во несреќата.

Во соопштението на Израелските воздушни сили не беа објавени детални информации во врска со причината за несреќата за опожарувањето на авионот и командата започна истрага.

Според веста на израелскиот канал 10, во авионот избувнал пожар поради технички дефект.

Израелската армија под изговор дека од Појасот Газа биле исфрлени ракети врз градот Сдерот, изврши 35 воздушни напади.



Слични вести