Двајца полицајци во Брисел избодени со нож

Федералното обвинителство на Белгија соопшти дека постои можност случајот да биде терористички напад

584312
Двајца полицајци во Брисел избодени со нож

Во Брисел, главниот град на Белгија, двајца полицајци беа избодени со нож во стомак и во вратот.

Полицајците беа спасени со полесни повреди.

Напаѓачот кој веднаш по нападот се обиде да побегне, беше повреден во ногата и фатен.

Напаѓачот Хичам е роден 1973 година и државјанин на Белгија.

Федералното обвинителство на Белгија соопшти дека постои можност случајот да биде терористички напад.

По нападот, беше испразнета  железничката станица во Брисел поради еден сомнителен празен пакет.

Во истрагата не беше откриен експлозив.

Во терористичките напади во март во Белгија загинаа 32 лица.

Во земјата каде што владее висока алармантна состојба, во август две полицајки беа изложени на напад со мачета од страна на едно лице.



Слични вести