Бомбашки напад на бегалски камп на сириска страна од границата: Најмалку 30 загинати

Бомбашки напад на бегалскиот камп Атме на сириска страна од границата веднаш наспроти населеното место Рејханли кај градот Хатај во кој според првични претпоставки загинаа 30 опозиционери од Сириската слободна армија (ССА), а приближно 20 лица се повреден

584095
Бомбашки напад на бегалски камп на сириска страна од границата: Најмалку 30 загинати

Во реализиран бомбашки напад во кампот Атме на сириска страна од границата веднаш во непосредна близина на границата на Турција кај населеното место Рејханли кај градот Хатај според првични претпоставки загинаа 30 опозиционери од Сириската слободна армија (ССА), а приближно 20 лица се повредени.

Експлозијата се случи за време на промена на стражата на припадниците на Слободната сириска армија (ССА). 

Првата реакција на бомбашкиот напад пристигна од потпретседателот на владата Нуман Куртулмуш кој истакна дека овој напад на кампот во кој се засолнуваат луѓе кои се наоѓаат далеку од своите домови претставува злосторство против човештвото.

Одговорноста за нападот ја презеде терористичката организација ДАЕШ која се огласи со соопштение преку своите сметки на социјалните медиуми.



Слични вести