Верскиот службеник на џамијата Фатих во Дрезден Хамза Туран: Претседателот Гаук се извини за нападот

Верскиот службеник имамот на џамијата Фатих на Турско-исламската унија во Дрезден во Германија (ДИТИБ) Хамза Туран истакна дека германскиот претседател Јоаким Гаук се извинил за минатонеделниот напад на џамијата и го изразил своето жалење

583074
Верскиот службеник на џамијата Фатих во Дрезден Хамза Туран: Претседателот Гаук се извини за нападот

Верскиот службеник имамот на џамијата Фатих на Турско-исламската унија во Дрезден во Германија (ДИТИБ) Хамза Туран изјави дека германскиот претседател Јоаким Гаук кој разговарал со него и семејството во врска со минатонеделниот напад на џамијата го изразил своето жалење поради случајот и се извинил.

Туран потсети дека на прославите на 26-годишнината од обединувањето на Германија во Дрезден разговарале заедно со семејството со германскиот претседател Јоаким Гаук и канцеларката Ангела Меркел.

Хамза Туран рече: „Претседателот ни рече’Жалам, се извинуваме. Не можевме да ве заштитиме. Ќе го следиме развојот на настаните по прашање“. Ние пак му се заблагодаривме.“

Велејќи дека ја информирал германската канцеларка Ангела Меркел оти џамиите треба да се заштитат без прашањето да се индивидуализира, Хамза Туран рече: „На канцеларката Меркел и реков: ’Не можеме да го сметаме за одговорно целото општество поради нешто кое што е направено од страна на само едно лице. И го прочитав ајетот ’Никој не може да се обвинува за кривично дело кое што го направил друг.’ И реков дека како што се вели во Куранот земјината површина е место за подеднакво живеење на сите. Да се обединиме во постоењето и единството на Аллах и во нашите заеднички вредности. Таа ми рече дека тоа е извонредно и дека мошне е радосна и задоволна.“

Хамза Туран напомена дека германската канцеларка Ангела Меркел му рекла оти се истражува случајот и дека ќе продолжат да го следат развојот на случувањата по ова прашање.

„Нашата заедница овде веќе е трајна. Во оваа земја сите заедно во љубов и почитување треба заедно да чекориме кон иднината.“ рече Туран.

Хамза Туран додаде дека освен тоа покраинското министерство за внатрешни работи задолжило полициски екипи за заштита на џамијата.

Неидентификувано лице на 26 септември во Дрезден како што потоа беше видено и на снимките од безбендосните камери остави експлозивна направа од рачна изработка пред вратата на зградата во која живее верскиот службеник на џамијата Фатих заедно со своето семејство, а потоа со мотоцикл избега од местото на настанот. 

Во силната експлозија до која дојде потоа за среќа немаше загинати или повредени, меѓутоа беше причинета материјална штета.



Слични вести