Руски бомбардери на француското крајбрежје

Два француски борбени авиони од типот „Рафал“ кои полетаа од градот Тур, ги пресретнаа руските бомбардер над крајбрежјето на Бретања

583398
Руски бомбардери на француското крајбрежје

Француските воздушни сили соопштија дека француските воени авиони пресретнале два руски бомбардери кои минатиот месец го надлетувале крајбрежјето на Бретања на северната страна на земјата.

Според писменото соопштение кое беше објавено од страна на прес центарот на Француските воздушни сили, два руски бомбардери на 22 септември најпрвин од страна на радарите биле фатени на северната страна на Норвешка, потоа западната страна на Ирска и француското крајбрежје.

Во соопштението беше истакнато дека два француски борбени авиони од типот „Рафал“ кои полетаа од градот Тур, ги пресретнаа руските бомбардер над крајбрежјето на Бретања и ги испратија се додека не го напуштија воздушниот простор на Франција.

Нешто потоа руските авиони летаа кон шпанското крајбрежје поради што овојпат беа пресретнати од страна на шпанските борбени авиони.

Во соопштението беше истакнато дека руските авиони преку Ирска се вратиле во Русија.

Според францускиот печат, Франција, Англија, Шпанија и Норвешка кои единствено во рамките на НАТО остваруваат заеднички одбранбени системи, со посредство на системите за рано предупредување можат да извршат заедничка интервенција против авионите кои го прекршиле воздушниот простор.

Француските борбени авиони на 17 февруари исто така ги пресретнаа руските бомбардери од типот Туполев 160 кои го прелетуваа крајбрежјето над градот Туке на северната страна на Франција.



Слични вести