Тереза Меј: За Велика Британија има значајни можности и надвор од ЕУ

Британската премиерка Тереза Меј напомена дека Велика Британија има за цел да стане глобален лидер во слободната трговија и додаде дека за нејзината земја има значајни можности и надвор од ЕУ.

582858
Тереза Меј: За Велика Британија има значајни можности и надвор од ЕУ

Британската премиерка Тереза Меј на годишниот конгрес на нејзината Конзервативна партија кој што продолжува во Бирмингем истакна дека голем број земји по излезот на Велика Британија од ЕУ сакаат да постигнат билатерални договори со нејзината земја.

Тереза Меј напомена дека Велика Британија има за цел да стане глобален лидер во слободната трговија и додаде дека за нејзината земја има значајни можности и надвор од ЕУ.

Британската премиерка Тереза Меј рече: „Верувам дека ќе постигнеме правилен договор со ЕУ во склопот на Брекзит. Ќе бидам одлучна во преговорите. Со договорот што ќе го постигнеме сакам да може да се реализира трговија со ЕУ. Сакам и фирмите на ЕУ да можат да делуваат во Велика Британија.“

Во меѓувреме стерлинот се наоѓа на најниско ниво во последните 31 година во однос на доларот и опадна дури на 1,27 долари.

Во губењето на вредноста на стерлинот беше влијателна завчерашната изјава на британската премиерка Тереза Меј во која го соопшти календарот на излезот на нејзината земја од ЕУ.



Слични вести