САД тврдат дека Русија поставила нов современ ракетно одбранбен систем во Сирија

Тројца високи воени функционери изјавија за американскиот телевизиски канал Fox News дека анти-балистичкиот ракетно одбранбен систем наречен SA-23 Gladiator на крајот на минатата недела пристигнал во сириското пристаниште Тартус

582518
САД тврдат дека Русија поставила нов современ ракетно одбранбен систем во Сирија

Американски воени функционери тврдат дека Русија поставила современ ракетно одбранбен систем во Сирија.

Тројца високи воени функционери изјавија за американскиот телевизиски канал Fox News дека антибалистичкиот ракетно одбранбен систем наречен SA-23 Gladiator на крајот на минатата недела пристигнал во сириското пристаниште Тартус. 

Надлежни истакнаа дека системот SA-23 Gladiator кој располага со дострел од 150 милји за прв пат е поставен надвор од границите на Русија.

Властите во Москва во ноември минатата година веднаш по соборувањето на рускиот воен авион кој го наруши турскиот воздушен простор во Сирија распоредија ракетни системи S-400.



Слични вести