Во стампедо во провинцијата Оромија во Етиопија животот го загубија 52 лица

Во стампедо во провинцијата Оромија во Етиопија до кое дојде по интервенцијата на полициските сили врз илјадници припадници на племето Оромо животот го загубија 52 лица

581802
Во стампедо во провинцијата Оромија во Етиопија животот го загубија 52 лица
etiyopya'da oromoların şükran bayramı kutlamaları.jpg

За време на интервенцијата на етиопските безбедносни сили врз членовите на племето Оромо кои на прославите на својот национален празник извикуваа слогани против владата животот го заубија 52 лица.

Во близина на езерото Хора во градот Дберзит на 45 километри од главниот град Адис Абеба за време на прославите на својот национален празник членовите на племето Оромо почнаа да се извикуваат антивладини слогани, по што следеше интервенцијата на полицијата.   

За време на немирите до кои дојде помеѓу членовите на племето Оромо чиј број изнесуваше над стотици илјади и безбедносните сили кои за нивно растерување употребија и солзавец дојде до стампедо во кое илјадници демонстранти бегајќи од полициските сили скокнаа во езерото.

Етиопски владини извори соопштија дека во стампедото животот го загубиле 52 лица.

Владини функционери наведуваат дека безбедносните сили интервенирале откако опозиционерите ја зазеле платформата одделена за првенците на племето и дека намерите на овие групи кои се обиделе да ги политизираат прославите останале без резултат.

Откако етиопската влада минатата година ги експроприраше земјоделските површини во провинцијата Оромија проширувајќи ги притоа границите на главниот град Адис Абеба од декември 2015 година до август 2016 година во оваа провинција беа одржани антивладини протести. 

Според официјални податоци на овие протести животот го загубија приближно 200 лица, додека меѓународни организации за човекови права тврдат дека бројот на загинатите изнесува многу повеќе од оваа бројка.



Слични вести