Сирискиот режим со поддршка и на руските џетови започна напад врз Џебел Екрад кај Латакија

Според добиени информации од локални извори артилериските единици на режимот и руските џетови започнале напади врз областа Џебел Екрад во руралното подрачје на Латакија под контрола на опозиционерите

581858
Сирискиот режим со поддршка и на руските џетови започна напад врз Џебел Екрад кај Латакија

Единиците на режимот на Асад со поддршка и на руските воени авиони реализираа напад врз областа Џебел Екрад во руралното подрачје на градот Латакија во североисточниот дел на Сирија во близина на границата со Турција.

Според добиени информации од локални извори артилериските единици на режимот и руските џетови започнале напади против местата во руралното подрачје на Латакија под контрола на опозиционерите.

Пристигнуваат вести дека цел на нападите биле селата Кибани и Ел Хидир и дека во овие напади имало и повредени.

Режимските сили во последните 10 дена започна неколку копнени операции за заземање на овие области кои се од стратешко значење поради тоа што се наоѓаат со поглед над Туркменската планина и наслееното место Џисру’ш Шугур, меѓутоа сите овие напади беа одбиени од страна на опозиционерите.



Слични вести