Колумбискиот народ го отфрли мировниот договор со бунтовничкото движење ФАРК

На референдумот на кој гласаа приближно 13 милиони Колумбијци 50,24-отсто гласаа против мировниот договор постигнат помеѓу владата и бунтовничкото движење Револуционерни вооружени сили на Колумбија ФАРК

581655
Колумбискиот народ го отфрли мировниот договор со бунтовничкото движење ФАРК

Колумбиските граѓани го отфрлија историскиот мировен договор постигнат помеѓу владата и бунтовничкото движење Револуционерни вооружени сили на Колумбија ФАРК.

На референдумот на кој гласаа приближно 13 милиони Колумбијци 50,24-отсто гласаа против мировниот договор.

По соопштувањето на резултатот од референдумот голем број колумбиски граѓани кои се собраа во центарот на кампњата против договорот ја славеа победата.

Договорот кој што минатата недела беше потпишан помеѓу колумбиската влада и бунтовничкото движење Револуционерни вооружени сили на Колумбија ФАРК предвидуваше да се прекине 52-во годишната граѓанска војна во оваа јужноамериканска земја.

Согласно договорот бунтовничкото движење Револуционерни вооружени сили на Колумбија ФАРК ќе го положеше оружјето и ќе се вклучеше во политичкиот живот.

Испитувањата на јавното мислење кои беа спроведени пред референдумот покажуваа дека процентот на колумбиските граѓани кои се на страната на прифаќање на договорот изнесува дури 66-отсто.

Меѓутоа се истакнуваше дека овие спроведени истражувања на јавното мислење се реализираат во големите градови и дека особено народот во помалите и руралните места каде што особено беше почувствувано насилството на ФАРК се противи на постигнувањето мировен договор со ова бунтовничко движење.

Како што се наведува вистинската причина поради која учесниците на референдумот гласале против биле некои членови во текстот на мировниот договор.

На чело на тие членови се членовите со кои доколку герилците на бунтовничкото движење ФАРК пред специјалниот суд за кој што се предвидува да се формира ги признаат своите извршени кривични дела наместо да им се изрече затворска казна ќе се овозможи да служат еден вид општествена услуга и на тој начин да бидат интегрирани во општеството.

Во внатрешните судири во Колумбија помеѓу владините сили и бунтовничкото движење Револуционерни вооружени сили на Колумбија ФАРК кои што продолжуваат од 1964 година досега животот го загубија приближно 250 илјади луѓе, а милиони луѓе беа приморани да ги напуштата своите домови.



Слични вести