„Процесот за излез на Велика Британија од ЕУ ќе започне до крајот на март“

Британската премиерка Тереза Меј истакна дека до крајот на март следната година (2017) ќе биде официјално започнат процесот за излез (Бекзит) на нејзината земја од ЕУ

581287
„Процесот за излез на Велика Британија од ЕУ ќе започне до крајот на март“

Британската премиерка и претседателка на Конзервативната партија Тереза Меј истакна дека до крајот на март следната година (2017) ќе биде ставен во примена членот 50 од Лисабонскиот договор со кој официјално ќе биде започнат и процесот за излез (Бекзит) на нејзината земја од ЕУ.

Меј рече: „Откако ние ќе го соопштиме тоа членките на ЕУ ќе одлучат за процесот за преговорите“.

Британската премиерка Тереза Меј оваа изјава ја даде во програмата Ендрју Мар која беше емитувана на ББС пред годишниот конгрес на Конзервативната партија што ќе започне во градот Бирмингам. 

Меј воедно истакна дека ќе биде подготвен и нацрт-закон кој што ќе обезбеди на местото на законите во ЕУ во земјата да се применуваат британските закони.

Велејќи дека со новиот нацрт-закон наречен нацрт-закон за поништување ќе биде разрешен законот за европски заедници со датум од 1972 година кој што беше усвоен од страна на Велика Британија со нејзиното зачленување во ЕУ, Тереза Меј рече: „На тој начин Обединетото Кралство ќе биде независна земја и самата ќе ги донесува и регулира своите закони.“



Слични вести