Протест против учеството на Абас на погребот на Шимон Перез
Големиот број демонстранти кои се собраа на повик на Хамас протестираа против учеството на палестинскиот претседател Махмуд Абас на погребната церемонија на поранешниот изралески претседател Шимон Перез
581083

Одржан протест против учеството на палестинскиот претседател Махмуд Абас на погребната церемонија на поранешниот изралески претседател Шимон Перез.
Големиот број демонстранти кои се собраа на повик на Хамас во своите раце носеа транспаренти на кои пишуваше „Нема сочувство за човекот кој го масакрира нашиот народ“ и „Перез е воен злосторник“ извикуваа слогани против Перез.
Функционерот на Хамас Мухамед Ебу Аскер во говорот што го одржа за време на протестот рече. „Учеството на палестинскиот претседател Махмуд Абас на погребот на Перез убиецот на деца, претставува предавство кон нашите шехиди.“
Погребната церемонија на поранешниот израелски претседател Шимон Перез кој почина во среда беше одржана во петокот во Западен Ерусалим.