Кери се пожалил дека не добил доволна поддршка од американската управа за интервенција во Сирија

Во објавената аудио-снимка од страна на весникот „Њујорк Тајмс“ Кери отворено истакнува дека не добил доволна поддршка од американската управа за реализација на воена интервенција против режимот на Асад во Сирија

580968
Кери се пожалил дека не добил доволна поддршка од американската управа за интервенција во Сирија

Објавена аудио-снимка во која американскиот државен секретар Џон Кери на еден состанок во врска со Сирија и Русија се жали дека не добил доволна поддршка од американската управа за реализација на воена интервенција против режимот на Асад во Сирија.

Во објавената аудио-снимка од страна на весникот „Њујорк Тајмс“ Кери отворено вели: „Реков дека треба да се употреби сила. Затоа се појавив на преден план, меѓутоа Конгресот не дозволи ниту да се гласа за тоа.“

Во аудио-снимката објавена во печатот внимание привлекуваат и изјавите на американскиот државен секретар Џон Кери во врска со Русија.

Кери вели: „Русите беа поканети во Сирија ние не бевме поканети. Ние не се однесуваме како Русите. Нашите стандарди се различни. Единствената причина поради која нашите џетови летаат во Сирија е борбата што ја водиме против ДАЕШ.“



Слични вести