ОН ќе формира комисија за истражување на нападот на хуманитарниот конвој на ОН во Алепо

Согласно извештајот, генералниот секретар Бан ќе донесе одлука кои се чекори ќе треба да се преземат

580782
ОН ќе формира комисија за истражување на нападот на хуманитарниот конвој на ОН во Алепо

Обединетите нации (ОН) ќе формираат комисија за истражување на нападот на хуманитарниот конвој на ОН и Црвената полумесечина на Сирија на 19 септември во Алепо.

Комисијата која ќе се формира од страна на Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун ќе ги утврди деталите за нападот.

По истражувањето, комисијата ќе изготви извештај кој ќе му го предаде на Генералниот секретар.

Согласно извештајот, генералниот секретар Бан ќе донесе одлука кои се чекори ќе треба да се преземат.

На 19 септември на неколку км од Алепо во Урум ал Кубра беше отворен оган врз хуманитарниот конвој од 31 камиони во кој напад загинаа 18 лица.

Вашингтон и Москва меѓусебно се обвинуваат за нападот.



Слични вести