Заедничка осуда на варварските руски напади на Алепо

Американскиот претседател Барак Обама и канцеларката на Германија Ангела Меркел силно ги осудија варварските напади на режимот на Сирија и на Русија на Алепо

579927
Заедничка осуда на варварските руски напади на Алепо

Ова се истакнува во официјалното соопштение издадено од Белата Куќа во Вашингтон во која се подвлекува следното: Претседателот Барак Обама во телефонски разговор со германската канцеларка Ангела Меркел се задржаа на последните случувања во Сирија и на ситуацијата во Украина. Обама и Меркел заеднични силно го осудија бомбардирањето на цивилите во Алепо од страна на режимските сили на Сирија и на Русија. Обама и Мермел се заложија за итно прекинување на судирите во Сирија и за непречено досставување на хуманитарна помош до градовите под опсада.Тие исто така јасно ставија до знаење дека Русија и режимот во Сирија се сосема свесни за фактот дека се одговорни за сето тоа што се случува во Алепо.

Што се однесува до ситуацијата во Украина претседателот Обама ја истакна потребата од почитување на одредбите од договорот во Минск од 2014 година и изрази поддршка на напорите на Четворката од Нормандија , составена од Германија, Франција, Русија и Украина.

Обама и Меркел констатираа дека што поскоро треба да прекинат судирите во Украина и што поското да се испратат меѓународни набљудувачи во регионите каде судирите се најчести.

Во меѓувреме канцеларката на Германија Ангела Меркел водеше телефонски разговор и со претседателот на Русија Владимир Путин на истата тема Сирија и Украина.

Како што соопшти официјален Кремљ, Меркел и Путин утврдиле календар за средби на различни нивоа кои би биле посветени на актуелната ситуација во истокот на Украина а во рамките на договорот од Минск.

Меркел и Путин исто така размениле мислења за ситуацијата во Сирија и констатирале дека потребна е поголема ангажираност на меѓународната заедница за постигнување на прекин на судирите во оваа земја. Путин ја нагласил потребата САД да стојат зад ветувањето да се прави јасна дистинкција меѓу умерената опозиција во Сирија и терористичките групи.



Слични вести