Жан-Марк Ајро повика веднаш да бидат сопрени нападите во Алепо

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Марк Ајро во врска со нападите во градот Алепо ги обвини режимот во Дамаск и Русија

579777
Жан-Марк Ајро повика веднаш да бидат сопрени нападите во Алепо

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Марк Ајро во интервју за радио каналот Еуропа 1 упати повик за итно стопирање на нападите во Алепо во Сирија и рече: „Никој да не биде соучесник во нападите во Алепо.“

Ајро во врска со нападите во градот Алепо ги обвини режимот во Дамаск и Русија.

Повторувајќи дека главната одговорност за нападите кои што продолжуваат во последната една недела е кај режимот во Дамаск и Русија, Жан-Марк Ајро рече: „Овие напади кои од страна на западните земји се оценуваат како воено злосторство и варварство поради недостаток од храна и лекови стануваат причина за голема човечка драма. Режиот во Дамаск со поддршка и на Русија ја избра стратегијата на водење сеопфатна војна. Овде одговорните се познати. Силите на Асад бомбардираат, а бомбардира и Русија која во регионот им дава поддршка со 5 илјади војници.“

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Марк Ајро истакна дека Франција сака Советот за безбедност на ОН да усвои резолуција во врска со Алепо и дека преговорите по ова прашање продолжуваат.

Ајро додаде дека за стопирање на бомбардирањето веќе посакуваат Русија да ја преземе неопходната одговорност без да биде доцна. 



Слични вести