САД ја предупредија Русија за можни напади во руските градови поради нејзината политика во Сирија

Портпаролот на Стејт департментот Џон Кирби ги повтори американските ставови околу тоа дека одговорноста за ставање крај на граѓанската војна во Сирија и припаѓа на Русија

579473
САД ја предупредија Русија за можни напади во руските градови поради нејзината политика во Сирија

САД предупредија дека доколку продолжи граѓанската војна во Сирија некои радикални групи би можеле нападите да ги пренесат преку границите на оваа земја и дека притоа би можеле да се реализираат терористички акции дури и во градовите во Русија.

Портпаорлот на американскиот државен секретаријат Џон Кирби на редовната дневна конференција за претставниците на печатот направи проценка во врска со граѓанската војна која продолжува во Сирија и ја предупреди Русија.

Кирби рече: „Доколку продолжи граѓанската војна во Сирија радикалните групи би можеле да ја злоупотребат оваа состојба и би можеле да ги прошират операциите. Нема сомневање дека тоа би можело да се коси со интересите на Русија и на овие напади би можеле да бидат подложени дури и руските градови.“

Велејќи дека доколку продолжи граѓанската војна во Сирија од тоа би можеле да бидат оштетени и руските војници кои војуваат во оваа земја, Кирби рече: „Руските војници можат да се вратат во својата земја во пластични вреќи. Русија би можела да ги изгуби своите извори и поголем број свои воени авиони.“

Портпаролот на Стејт департментот Џон Кирби ги повтори американските ставови околу тоа дека одговорноста за ставање крај на граѓанската војна во Сирија и припаѓа на Русија и рече: „Државниот секретар Кери истакна дека одговорноста продолжува да е кај Русија и дека треба да се овозможи хуманитарната помош да пристигне во областите каде што има потреба од неја.“ 

Велејќи дека САД чувствуваат длабока загриженост од нападите на Русија и режимот на Бешар Асад против цивилите и болниците, Кирби рече: „Државениот секретар Кери отворено кажа дека САД и нивните сојузници за одговорна поради ваквата состојба ја сметаат Русија.“

Амеирканскиот државен секретар Џон Кери ја предупреди Русија по прашањето на ставањето крај на нападите во Алепо и стави до знаење дека доколку не бидат сопрени овие напади ќе биде суспендиран билатералниот ангажман по прашањето на Сирија.

По оваа остра реакција на Кери Русија фрли чекор назад и истакна дека е подготвена за нормализирање на состојбата во Алепо.

Од друга страна изјавите на американската управа привлекоа и реакција.

Рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков покажа остра реакција на изјавата на портпаролот на американскиот државен секретаријат Џон Кирби кој рече дека терористите би можеле да ги нападнат руските градови.

Рјабков реагираше со зборовите: „Не е можно да се постигне ништо со политика на закана.“



Слични вести