„Не можат никако да бидат оправдани воздушните напади во Алепо “

Американскиот државен секретар Џон Кери истакна дека не можат никако да бидат оправдани воздушните напади кои што се реализираат во Алепо

579781
„Не можат никако да бидат оправдани воздушните напади во Алепо “

Американскиот државен секретар Џон Кери говореше на конференцијата на тема „Форум на идеи“ во организација на институтите Атлантик и Аспен во Вашингтон и притоа истакна дека не можат никако да бидат оправдани воздушните напади кои што се реализираат во Алепо.

Велејќи дека во Сирија се доживува човечка трагедија, Кери рече: „Случувањата во Алепо не можат да се објаснат со било каква стратегија.

Џон Кери истакна дека Русија била јасно информирана во врска со оваа состојба и рече: „Не може да стане збор за било каква наша соработка под овие услови. Треба да согледаме дека има промена.“ 

Кери привлече внимание дека во последните 8 дена во Сирија животот го загубија 400 лица од кои 100 се деца.

Американскиот државен секретар Џон Кери одговараше и на едно прашање во однос на тоа дали станува збор за можна поддршка на американските војници во војната во Сирија од копно во врска со што истакна дека таква можност не се наоѓа на маса.



Слични вести