Со секој поминат ден расте бројот на цивилните загуби во градот Алепо во Сирија

Во последните воздушните напади реализирани од страна на руски воени авиони во градот Алепо врз цивилни населени места под контрола на опозиционерите животот го загубија уште 22-јца цивили од кои повеќето жени и деца, а 39 лица се повредени

578532
Со секој поминат ден расте бројот на цивилните загуби во градот Алепо во Сирија

Со секој поминат ден расте бројот на цивилните загуби во градот Алепо во Сирија.

Во последните воздушните напади реализирани од страна на руски воени авиони во градот Алепо врз цивилните населени места во квартовите Шеар и Мешхед  кои се наоѓаат под контрола на опозиционерите животот го загубија уште 22-јца цивили од кои повеќето жени и деца, а 39 лица се повредени.

Во областа со големи тешкотии се одвиваат и активностите за спасување на лицата кои се наоѓаат под рушевините.

Асадовиот режим на 19 септември соопшти дека го прекинува примирјето кое беше ставено во примена на 12 септември.

Веднаш потоа силите на режимот на Асад со поддршка и на руската армија почнаа жестоко да ги бомбардираат источните области на градот Алепо кои се наоѓаат под контрола на опозиционерите. 

Во овие бомбардирања на сирискиот режим и Русија досега животот го загубија 497 цивили меѓу кои има и жени и деца, а 1.667 цивили се повредени.

Од друга страна во објавеното соопштение од американскиот државен секретаријат се истакнува дека за хуманитарна помош на Сиријците е одделен дополнителен фонд од 400 милиони долари.

Освен тоа Стејт департментот истакна дека минатата година било планирано да бидат прифатени 10 илјади сириски бегалци, но дека во текот на годината оваа бројка била надмината и биле примени 12.500 бегалци.

Во меѓувреме, претседателот на Белите беретки кои реализираат хуманитарни активности во Сирија Раед Салих во говорот што го одржа пред тинк-тенк организација Атлантик Консил со седиште во Вашингтон ги информираше претставниците од американската администрација и новинарите во врска со човечката драма што се доживува во градот Алепо.

Нагласувајќи дека цивилите во Алепо веќе не можат да најдат ниту места за засолнување, Раед Салих рече: „Народот во Алепо ја чека својата смрт и меѓународната заедница е безгласна. Во последната една недела животот го загубија приближно илјада цивили.“  

Салих напомена дека по воздушните операции кои што ги започна Русија во Сирија се зголемија и цивилните загуби.

Велејќи дека добиваат поддршка од Турција во голем број сфери, Раед Салих рече: „Турската влада им помага на приближно 3 милиони Сиријци и ние сме благодарни за тоа. Турција истовремено ги отвора своите врати за ранетите лица кои што ги испраќаме и тоа претставува прашање од кое што ние во моментов имаме најголема потреба.“



Слични вести