САД планираа да постават еден од најсовремените антиракетни одбранбени системи во Јужна Кореја

Заменик потсекретарот одговорен за источна Азија и Пацификот на американскиот државен секретаријат Даниел Расел на една седница во Конгресот  направи проценка во врска со растечката затегнатост помеѓу Северна Кореја и Јужна Кореја

578687
САД планираа да постават еден од најсовремените антиракетни одбранбени системи во Јужна Кореја

САД планираа да постават антиракетен одбранбен систем THAAD (Terminal High Altitude Area Defence) кој истрелува ракети кои се дизајнирани да пресретнат и уништат балистички проектили додека се уште се надвор од атмосферата или само што влегле во неја во текот на последната фаза од нивниот лет. 

Заменик потсекретарот одговорен за источна Азија и Пацификот на американскиот државен секретаријат Даниел Расел на една седница во Конгресот  направи проценка во врска со растечката затегнатост помеѓу Северна Кореја и Јужна Кореја.

Според вестите објавени во американските медиуми Расел истакна дека управата на Обама дискутира за секој детал за инсталирање на антиракетниот одбранбен систем THAAD.

Освен тоа Расел наведе дека САД расповараат со сите свои меѓународни партнери вклучувајќи ја и ЕУ за спречување на пристапот на Северна Кореја до меѓународниот банкарски и финансиски систем.

Северна Кореја која во блиско време реализира 5 тестирања на нуклеарно оружје се соочи со големи реакции од страна на меѓународната заедница, а пред се Јужна Кореја по што американскиот претседател Барак Обама ја даде пораката дека ќе бидат фрлени потребните чекори против властите во Пјонгјанг.

Распоредувањето на антиракетниот одбранбен систем THAAD (Terminal High Altitude Area Defence) кој се смета за еден од најсовремените во светот е предвидено за крајот од 2017 година.



Слични вести