Почина поранешниот израелски претседател Шимон Перез

93-годишниот поранешен израелски претседател Шимон Перез почина во болницата каде што се наоѓаше на лекување по претрпениот мозочен удар на 13 септември

578315
Почина поранешниот израелски претседател Шимон Перез

Почина поранешниот израелски претседател Шимон Перез...

Перез почина во 03:40 часот според турско време во болницата каде што се наоѓаше на лекување по претрпениот мозочен удар на 13 септември.

Веста за смртта на 93-годишниот Перез ја соопшти неговиот лекар.

Шимон Перез во текот на својата над 66-годишна политичка кариера 3 пати ги извршуваше функциите министер за надворешни работи и премиер, а во периодот од 2007 до 2014 година беше претседател на Израел.

Во 1994 година кога ја извршуваше функцијата израелски министер за надворешни работи Перез заедно со легендарниот палестински лидер Јасер Арафат и тогашниот израелски премиер Ицак Рабин учествуваше и на иницијативата за постигнување мировен договор со Палестина, поради што беше добитник на Нобеловата награда за мир.



Слични вести