Градоначалникот на Њујорк Бил де Блазио и објави војна на исламофобијата

Градоначалникот на Њујорк Бил де Блазио започна рекламна кампања преку социјалните мрежи за спречување на насилствата против муслиманите и и објави војна на исламофобијата

578612
Градоначалникот на Њујорк Бил де Блазио и објави војна на исламофобијата

Локалната самоуправа на Њујорк во САД започна борба против исламофобијата преку социјалните медиуми.

По нападите од 11 септември 2001 година во Њујорк каде што живеат приближно 500 илјади муслимани досега се забележува брз раст во кривичните дела од омраза извршени против муслиманската заедница.

Поради овие зголемени напади против муслиманите градоначалникот на Њујорк Бил де Блазио и објави војна на исламофобијата.

Бил де Блазио откако стапи на должност го затвори одделот формиран во рамките на Њујоршката полициска служба (NYPD) за време на должноста на претходниот градоначалник Мајкл Блумберг и  верските празници на муслиманите ги прогласи за официјален празник во државните училишта.

Сега пак управата на Блазио започна рекламна кампања преку социјалните мрежи за спречување на насилствата против муслиманите. 

Со кампањата која се реалзиира заеднички од страна на Одделот за односи со јавноста на градоначалникот Бил де Блазио, Комисијата за човекови права и Канцеларијата за односи со мигрантите под хаштагот „#IAmMuslimNYC“ на Твитер и преку Фејсбук и Инстаграм се планира граѓаните да бидат обучувани во однос на непријателството кон исламот, дискриминацијата и културната чувствителност.

Градоначалникот на Њујорк Бил де Блазио од Демократската партија, во врска со кампањата рече: „Во моментов е позначајно од секогаш Њујорчани во сплотеност да покажат единство против насилството и омразата. Секој во Њујорк има право да биде почитуван. Не е значајно дали е христијанин, муслиман, евраин, сих, инду, агностик или атеист.“

Се очекува локалната самоуправа на Њујорк во 2017 година со цел да ги обучи своите 8 милиони 400 илјади жители да започне пообемна кампања за заштита на религиозната разноликост на градот и водење борба против против непријателството кон странците.



Слични вести