Во два самоубиствени напади во Багдад загинаа 18 лица

Во реалзиирани два самоубиствени напади во ирачкиот главен град Багдад во областите каде што живее шиитско население животот го загубија 18 лица, а 21 лице се повредени

578077
Во два самоубиствени напади во Багдад загинаа 18 лица

Во два самоубиствени напади во главниот град на Ирак Багдад животот го загубија 18 лица, а 47 лица се повредени.

Во објавеното писмено соопштение од Командата за операции во Багдад во областа Ел-Баја во западниот дел на главниот град е реализиран самоубиствен бомбашки напад.

Бомбашот-самоубиец ги експлодирал бомбите на семе во областа каде што во мнозинство живеат Шиити и во нападот заедно и со напаѓачот загинале 9 лица, а 26 лица биле повредени. 

Во меѓувреме бројот на загинатите во самоубиствениот напад во областа Ел-Џедид исто така во ирачкиот главен град Багдад се зголеми на 9 лица, а 21 лице се повредени.

Според добиени информации од безбедносни извори цел на самоубиствениот напад во источниот дел на Багдад населен претежно со Шиити бил еден пазар.

Одговорноста за нападите засега не ја презеде никој.

По преземањето на контролата од страна на терористичката организација ДАЕШ во некои области во Ирак главниот град Багдад често станува цел на насилства и бомбашки напади.

Ирачки функционери истакнуваат дека нападите се реализираат од страна на групи поврзани со ДАЕШ.



Слични вести