Свечено потпишан мировниот договор меѓу Колумбиската влада и Rеволуционерните вооружени сили ФАРК

Според анкетите, повеќето од граѓаните на Колумбија на претстојниот референдум се очекува да гласаат за постигнатиот договор.

577765
Свечено потпишан мировниот договор меѓу Колумбиската влада и Rеволуционерните вооружени сили ФАРК

Свечено потпишан мировниот договор меѓу Колумбиската влада и Револуционерните вооружени сили на Колумбија ФАРК со кој се оконча 52 годишната војна.

На свеченоста во Картагена, колумбискиот претседател Хуан Мануел Сантос и лидерот на ФАРК Родриго Лондоно кој е познат под прекарот Тимоченко го потпишаа историскиот договор.

На свеченоста учествуваа генералниот секретар на ОН Бан Ки МУн и посредникот во преговорите кубанскиот претседател Раул Кастро.

Меѓу поканетите гости на свеченото потпишување на мировниот договор учествуваа шпанскиот крал Фелипе Шести, американскито државен секретар Џон Кери и некои лидери на Јужноамериканските држави.

Големо внимание привлече белата облека на гостите кои учествуваа на историското потпишување на договорот, кој боја го симболизира мирот.

Страните по четиригодишните преговори во Хавана постигнаа мировен договор.

Последниот збор ќе го каже колумбискиот народ.

Историскиот договор ќе биде изнесен на референдум на граѓаните на Колумбија.

По гласањето, договорот се очекува да стапи на сила.

Според анкетите, повеќето од граѓаните на Колумбија на претстојниот референдум се очекува да гласаат за постигнатиот договор.

Согласно договорот, ФАРК целосно ќе се разоружи и ќе се олесни преминот кон политичкиот систем.

Како последица на судирите во Колумбија од 1964 година наваму, загинаа над 220 илјади жртви, а милиони лица беа принудени да ги напуштат домовите. Илјадници лица исчезнаа.



Слични вести