Да на референдумот во Азербејџан

Учеството на граѓаните на референдумот во Азербејџан изнесуваше 69,7 насто од севкупната популација.

577709
Да на референдумот во Азербејџан

Според неофицијалните резултати од референдумот за промена на 29 член од Уставот, 86 насто од гласачите гласаа за.

Според соопштението обајвено од страна на Високата иборна комисија на Азербејџан, на референдумот од 5 267 илјади гласачи гласаа 3 милиони 671 илјада гласачи.

На тој начин, учеството на граѓаните на референдумот во Азербејџан изнесуваше 69,7 насто од севкупната популација.

Со уставните промени се предвидува структуирање на должностите на првиот заменик претседател и останатите заменици, пролонгирање на претседателскиот мандат од 5 на 7 години, укинување на возрасната ограниченост од 35 годишна возраст за избор на претседател и давање право на претседателот за прогласување предвремени претседателски избори.



Слични вести