Земјотрес на јапонскиот остров Окинава со јачина од 5,7 степени

Новинската агенција Кјого соопшти дека според првичните претпоставки во земјотресот немало човечки загуби и не била причинета материјална штета и дека по потресот со јачина од 5,7 степени според Рихтер било доставено предупредување за итна состојба

577173
Земјотрес на јапонскиот остров Окинава со јачина од 5,7 степени

На јужниот јапонски остров Окинава беше евидентиран земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала.

Новинската агенција Кјого соопшти дека според првичните претпоставки во земјотресот немало човечки загуби и не била причинета материјална штета и дека по потресот со јачина од 5,7 степени според Рихтер било доставено предупредување за итна состојба.

Американскиот Центар за геолошки истражувања соопшти дека епицентарот на земјотресот се наоѓал на 113 километри североисточно од градот Наго на островот Окинава.

По земјотресот не беше прогласено предупредување од цунами.

Јапонија која се наоѓа во трусниот Пацифичко-сеизмички појас познат како Пацифички огнен прстен на 11 март 2011 година го доживеа едниот од најголемите земјотреси во својата историја.

Земјотресот со јачина од 9 степени според Рихтер и џиновските бранови цунами кои уследија по потресот беа причина за смртта на 19 илјади лица, илјадници лица беа повредени и беше предизвикана голема материјална штета на североисточниот брег на оваа островска земја.

Во земјотресите со јачина од 6,4 и 7,1 степен според Рихтер до кои дојде на 14 и 15 април оваа година во Јапонија пак животот го загубија вкупно 45 лица.



Слични вести