Вонредна седница на Советот за безбедност на ОН посветена на сириската криза

На одржаната вонредна седница на Советот за безбедност на ОН на повик на САД, Велика Британија и Франција западните земја ја обвинија Русија за помагање на  режимот на Асад за вршење воено злосторство во Алепо

576886
Вонредна седница на Советот за безбедност на ОН посветена на сириската криза

Советот за безбедност на ОН уште еднаш одржа вонредна седница на која расправаше за сириската криза.

На одржаната вонредна седница на повик на САД, Велика Британија и Франција западните земја ја обвинија Русија за помагање на  режимот на Асад за вршење воено злосторство во Алепо.

Специјалниот претставник на ОН за Сирија Стефан де Мистура во говорот што го одржа на седницата истакна дека сирискиот режим еднострано прогласи дека е прекинат договорот за стопирање на судирите и ги засили нападите врз областите под контрола на опозиционерите во градот Алепо. 

Мистура напомена дека реализираните напади против цивилите и видовите бомби кои што се употребуваат можат да претставуваат воено злосторство.

Критикувајќи ги воздушните напади на режимот и Русија во Алепо под изговор дека се реализираат напади против терористите, Мистура рече: „Не може повеќе од 200 илјади лица да бидат терористи.“

Мистура нагласи дека во оваа војна ќе нема победник и рече дека доколку не може да се постигне решение нема да победи ниту една страна и на крајот ќе изгуби сирискиот народ.

Мистура упати повик до земјите членки на Советот за безбедност на ОН да се овозможи повторно да биде ставен во примена договорот за стопирање на судирите во Сирија.

Одговарајќи и на повиците за поднесување оставка на должноста специјален претставник на ОН за Сирија, Стефан де Мистура рече: „Доколку поднесам оставка тоа ќе испрати сигнал до сирискиот народ дека меѓународната заедница се откажува од него. Затоа нема да поднесам оставка.“ - рече специјалниот претставник на ОН за Сирија Стефан де Мистура.

Постојаната претставничка на САД во ОН Саманта Пауер истакна дека во источниот дел на Алепо се бомбардираат луѓето, гинат цивили и со опсадите народот во областите во рацете на опозиционерите се остава без храна и без вода.

Барајќи од Русија водата да не ја користи како оружје, Пауер рече: „Она што Русија го прави во Сирија не претставува војна против тероризмот, туку варварство.“

Саманта Пауер истакна дека во источните делови на Алепо 275 илјади лица се цел на руските и режимските напади и напомена дека во над 150 реализирани воздушни напади во последните три дена животот го загубија најмалку 139 лица.

„Русија и режимот на Асад наместо да одат по мирот ја избираат војната. Наместо да им доставуваат хуманитарна помош на цивилите ги бомбардираат конвоите кои носат хуманитарна помош, болниците и здравствените работници за пружање итна помош кои се обидуваат да ги спасат луѓето.“ - потенцираше Саманта пауер, постојаната претставничка на САД во ОН.

Францускиот постојан претставник во ОН исто така упати повик до Русија и режимот на Асад веднаш да стават крај на нападите и да се формира набљудувачки механизам за спасување на прекинот на огнот.

Освен тоа амбасадорите постојани претставници на западните земји во ОН апелираа да не се остави неказнета Русија која ја обвинуваат за вршење воено злосторство во Сирија.

Од друга страна Русија наведе дека оние кои користат тешко оружје во Алепо се опозиционерите кое оружје им и дадено од страна на западот и истакна дека веќе нема да фрли едностран чекор за прекин на огнот.

Рускиот постојан претставник во ОН Виталиј Чуркин истакна дека речиси е невозможно да се спаси прекинот на огнот во Сирија  и тврдеше дека оние кои не сакаат мир всушност се западњаците. 

Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун на одржаната конференција за претставниците на печатот истакна дека во Алепо се доживува досега невидено бомбардирање и дека насилството е пренесено на една нова димензија на варварство.

Бан Ки-мун предупреди дека случувањата достигнаа до димензија на воено злосторство.



Слични вести