Египет спремен за надминување на затегнатоста со Турција

Египетскиот министер за надворешни работи Самих Шукри во интервју за египетскиот весник „Ел Јевм Ес-Саби“ изјави дека со министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во последните 2 недели се состанале на два пати, во Венецуела и во Њујорк во САД

577262
Египет спремен за надминување на затегнатоста со Турција

Египетскиот министер за надворешни работи Самих Шукри истакна дека неговата земја е спремна за надминување на присутната затегнатост со Турција.

Самих Шукри во интервју за египетскиот весник „Ел Јевм Ес-Саби“ изјави дека со министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во последните две недели се состанале на два пати и тоа во Венецуела и во Њујорк во САД.

Шукри овие средби со Чавушоглу ги окарактеризира за позитивни и напомена дека Чавушоглу исто така ја изнел желбата на Турција за надминување на присутната затегнатост во односите со Египет.

„Јас исто така истакнав дека Египет е подготвен на тоа. Во име на чекорите кои што ќе бидат фрлени во иднина во врска со развојот на односите разговорите беа позитивни. Египетската управа постојано потсетува дека историјата на односите помеѓу турскиот и египетскиот народ е мошне коренита и мошне силна.“ - рече египетскиот министер за надворешни работи Самих Шукри.

Велејќи дека надворешната политика на Египет не е тврдокорна и непроменлива, Шукри продолжи со следните зборови: „Ние секогаш сме подготвени на нови случувања согласно нашите принципи и во правец на интересите на нашата земја и интересите на арапските и заливските народи. Без да презентираме непријателски став против другите земји располагаме со надворешна политика која во склопот на принципите на ОН ги застапува интересите на египетскиот народ и истовремено не ги гази правата и на другите народи.“



Слични вести