Бројот на загинатите цивили во Алепо од 19 септември досега достигна до 444 лица

Во вчерашните реализирани напади од страна на силите на Асад и Русија во Алепо животот го загубија 85 лица, меѓу кои има и жени и деца, додека бројот на повредените изнесува над 200 лица

576830
Бројот на загинатите цивили во Алепо од 19 септември досега достигна до 444 лица

По прекинот на примирјето во Сирија градот Алепо се наоѓа под жестоко бомбардирање од воздух и копно.

Бројот на загинатите во Сирија од 19 септември досега достигна до 444 лица, а 1.585 лица се повредени.

Во вчерашните реализирани напади од страна на силите на Асад и Русија во Алепо животот го загубија 85 лица, меѓу кои има и жени и деца, додека бројот на повредените изнесува над 200 лица.

Воените авиони на режимот и Русија во нападите користат вакум, фосфорни и барел бомби.

Во нападите се срушени голем број згради, а во болниците владее безнадежност во вистинска смисла на зборот .

Нема ниту место ниту пак медицински персонал кои би се грижеле за лекување на големиот број ранети.

Инфраструктурата на градот Алепо е целосно оштетена и доведена во неупотреблива состојба.

Не може да им се доставува вода на 2 милиони луѓе.

Вооружените судири се засилени во областа Хандарат во северниот дел на Алепо.

Бегалскиот камп и воените објекти во оваа област наизменично преминуваат во рацете на силите на режимот и на опозиционерите.

Во реализираните воздушни напади во градот Алепо во саботата животот го загубија 92 лица, а 273 лица беа ранети.

Бројот на загинатите цивили во бомбардирањата на режимот и Русија од 19 септември досега пак се зголеми на 444 лица, а 1.585 лица се повредени.

Режимот на Асад на 19 септември соопшти дека го прекинува воспоставениот прекин на огнот на 12 септември со посредство на САД и Русија, по што веднаш заедно и со руската армија почна жестоко да ги бомбардира источните делови на градот Алепо кои се наоѓаат под контрола на опозиционерите.



Слични вести