Заедничка декларација од САД, Франција, Италија, Германија, Велика Британија и ЕУ до Русија

Во декларацијата се вели дека за повторно воспоставување на дипломатските разговори во Сирија по воздушните напади кои што беа реализирани во оваа земја во текот на оваа недела одговорноста е кај Русија

576654
Заедничка декларација од САД, Франција, Италија, Германија, Велика Британија и ЕУ до Русија

Министрите за надворешни работи на САД, Франција, Италија, Германија и Велика Британија заедно и со Високото претставништво на ЕУ објавија заедничка декларација во која се истакнува дека одговорноста за постигнување мир во Сирија е на рамото на Русија.

Во декларацијата се вели дека за повторно воспоставување на дипломатските разговори во Сирија по воздушните напади кои што беа реализирани во оваа земја во текот на оваа недела одговорноста е кај Русија.

Во декларацијата им се одделува место на извештаите во врска со нападот на хуманитарниот конвој во Сирија и се вели дека режимот на Асад употребил хемиско оружје.

Во истата декларација се вели дека Русија ги затвора своите очи пред нападите на режимот на Асад и се укажува на тоа дека овој став на Русија се коси со нејзините изјави во однос на тоа дека ги поддржува дипломатските разговори во Сирија.

Во усвоената заедничка декларација се истакнува следното: „Пет земји и Високото претставништво на ЕУ поради тоа бара од Русија да фрли вонредни чекори да го убеди режимот да прекине да го бомбардира сопствениот народ и повторно да је врати својата доверливост.“

Цо декларацијата се наведува дека Русија треба да се усмери кон реализација на операции против ДАЕШ, а исто така се нагласува дека и тоа дека под итно треба да бидат преземени неопходните мерки за доставување на хуманитарната помош до областите во Сирија кои се утврдени од страна на ОН.



Слични вести