Во самоубиствен напад во Багдад загинаа 8 лица

Во самоубиствен-бомбашки напад во ирачкиот главен град Багдад загинаа 8 лица, а 20 лица се повредени

576698
Во самоубиствен напад во Багдад загинаа 8 лица

Самоубиствен-бомбаш кој влегол меѓу народот во ирачкиот главен град Багдад ја активирал бомбата на себе и во експлозијата загинаа 8 лица, а 20 лица се повредени.

Како што се истакнува повредените во нападот биле префрлени на лекување во околните болници.

Внимание привлече тоа што ирачките безбедносни сили во главниот град Багдад од синоќа воведоа забрана за сообраќајот во голем број области во главниот град и почнаа да преземаат широки безбедносни мерки.

Освен тоа е соогледано дека голем број војници и припадници на полицијата се распоредени на прометните улици и контролните пунктови во Багдад.



Слични вести