Лавров: Вашингтон му се извини на Асад

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров истакна дека Вашингтонската администрација му се извинила на Асад поради бомбардирањето на воената база на режимот во градот Дејр ез-Зор на 17 септември од страна на коалиционите сили

576553
Лавров: Вашингтон му се извини на Асад

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во Њујорк даде интервју за руската државна телевизија и во врска со остварената средба со американскиот државен секретар Џон Кери на 20 септември истакна дека Вашингтонската администрација му се извинила на Асад поради бомбардирањето на воената база на режимот во градот Дејр ез-Зор во источниот дел на Сирија на 17 септември од страна на коалиционите сили предводени од САД кога загинаа 62-јца војници на режимот.

Лавров рече: „Самите се осврнаа на ова прашање. Рекоа дека тоа било грешка и со наше посредство им се извинија на Сиријците.“

На прашањето „Дали му се извинија на сирискиот претседател Асад?“, Лавров одговори со следните зборови: „Да, се извинија. Тоа претставува малку чудна состојба. Не би сакал никого да обвинувам, меѓутоа тешко е да се поверува дека разузнавањето на коалиционите сили заборавило кој каде е стациониран во таа област.“  

Инаку, администрацијата на Обама претходно истакна дека жали поради загинувањето на 62-јцата војници на сирискиот режим во воздушниот напад кој беше реализиран на 17 септември од страна на коалиционите сили предводени од САД.  



Слични вести